Skip to main content

Силна експлозија во зграда во Москва, најмалку тројца загинати и преку 15 повредени

Најмалку три лица загинаа, откако дошло до силна експлозија во повеќекатница во југозападниот дел на рускиот главен град Москва.

Според неофицијалните информации, експлозијата била предизвикина од гас, која притоа придонела за голем пожар кој ги зафатил становите од деветиот спрат на зградата.

Некои од станарите биле заробени во зградата, од каде повикувале на помош. Според информациите, повредени се повеќе од 15 лица.

Поврзани вести