Skip to main content

Санторини пак се тресе

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:49 часот по локално време во Санторини.

Епицентарот на земјотресот бил недалеку од селото Оиа на овој остров, каде претходните недели беа регистрирани илјадници земјотреси.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Поврзани вести