Skip to main content

Силен земјотрес во Токио, најмалку 37 повредени

Фрипик

Најмалку 37 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,9 степени што рано утринава го погоди поширокото подрачје на Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај.

Земјотресот бил регистриран околу 2 часот по локално време, а епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, недалеку од Токио, на длабочина од околу 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба.

Потресот предизвикал прекини и доцнења во железничкиот сообраќај во Токио, но засега нема информации за значителна материјална штета.

Едно помало оштетување е регистрирано на зграда во Саитама, северно од Токио. Властите, исто така, проверуваат дали пукањето на водоводна цевка во Токио е поврзано со земјотресот.

Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони, особено бидејќи делови од погоденото подрачје претходно беа зафатени од обилни врнежи.

Властите предупредија и на можноста за силни последователни потреси во наредните денови. Според досегашните информации, нема опасност од цунами

Поврзани вести