Skip to main content

Сијарто му одговори на Туск: Во Европа не ни требаат премиери кои бранат терористи

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, му упати порака на полскиот премиер, Донад Туск, дека не може да биде прифтливо да се поддржува терористички напад во кој се дига во воздух гасовод преку кој Европа се снабдува со енергенси.

Сијарто додде дека поради таа причина, зборовите на Туск се шокантни.

Не сакаме во Европа да има премиери коишто бранат терористи“, порача Сијарто.

Туск претходно изјави дека проблемот со гасоводот „Северен тек 2“ не е во тоа што бил уништен, туку во тоа што бил изграден.

Според Сијарто, таквата логика на Туск тера да се постави прашањето што друго може да се уништи за да „се смета за простливо или дури и за пофалба“.

Поврзани вести