Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps.
По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел воспоставување мир – изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи Никола Бидо, пренесе весникот.
Како што се наведува, сепак, швајцарските власти нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека таа земја е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.