Skip to main content

Саркози изјави дека престојот во затвор го исцрпува, обвинителот побара негово пуштање на слобода

Facebook/Emmanuel Macron

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, денеска изјави дека неговиот престој во затвор е „многу тежок и исцрпувачки“, за време на сослушувањето за неговото барање за пуштање на слобода пред Апелациониот суд во Париз.

Саркози на 21 октомври почна да ја издржува петгодишна затворска казна затоа што со криминално здружување ја финансирал претседателската кампања во 2007 година со средства од Либија.

– Тешко е, многу е тешко, како што е сигурно за секој затвореник, би рекол дека е исцрпувачки, изјави Саркози и им се заблагодари на затворските службеници кои, како што додаде, „ја направија оваа ноќна мора поднослива“.

Саркози на рочиштето се приклучи преку видео-повик, заедно со двајца од своите адвокати.

Канцеларијата на јавниот обвинител денеска побара негово пуштање на слобода под судски надзор.

Државниот обвинител Дамијен Брун изјави дека „ризиците од договарање и вршење притисок врз сведоци ги оправдуваат барањата за ставање под судски надзор“ и побара барањето на Саркози за пуштање на слобода да се одобри.

Поврзани вести