
САД се обидуваат да добијат противвоздушен систем С-400 од Турција во замена за борбени авиони Ф-35. Целта е да се пренесе ракетниот систем за противвоздушна одбрана во американска база.
Според „Фокс њуз“, минатата недела претссдатлите Реџеп Таипт Ердоган и Доналд Трамп разговарале за укинување на американската забрана за продажба на борбени авиони Ф-35 на Турција. Според иданието, забраната е поврзана со системите за противвоздушна одбрана С-400 во служба на турската војска.
Американците се загрижени дека летовите на Ф-35 во близина на радарите на С-400 ќе го детектираат радио потписот на ловецот, а системот некако ќе ги испрати тие податоци во Русија. Но, ако Турција се согласи да ги демонтира или транспортира своите С-400 системи во американска база, санкциите ќе бидат укинати и на Турција ќе и бидат испратени Ф-35 за кои долго време разговара со САД.