Skip to main content

САД планираат да ја заршат војната против Иран на 9 април за Трамп да добие нова награда

САД го одредуваат 9 април како датум за завршување на војната со Иран, за американскиот претседател Доналд Трамп да може да добие нова награда, мпиува израелскиот „Ynet“.

Според изданието, израелски извори прецизирале дека тоа ќе „му овозможи на Трамп да пристигне во Израел на Денот на независноста за да добие израелска награда“.

Медиумот наведува дека разговорите со Техеран се закажани за оваа недела во Пакистан, но Иран официјално негираше каков било контакт. Во текстот се додава и дека израелската војска проценува дека Иран, сепак, ќе може да ги продолжи дневните лансирања на ракети кон Израел, и покрај континуираните напади врз Иран.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема разговори со САД и за новинската агенција Тасним изјави дека „Иран подготвува нови изненадувања што ќе го направат исходот од војната очигледен“. Портпаролот на парламентот, Ебрахим Резаи, пак, нагласи дека „нема логика во водењето преговори под овие услови“ и дека „противниците го разбираат само јазикот на силата“.

Поврзани вести