
Украински извори известуваат дека во претходните денови за првпат се забележанируски беспилотни летала „Геран-2“ вооружени со ракети воздух-воздух со краток дострел „Р-60“. Ракетите имаат глава за самонасочување што ја следи термичката рефлексија на целта, најчесто моторот, кој е најжешкиот дел од авионот. Дострелот на ракетата е околу 12 км.
Според информациите, вака вооруените „Герани“ се поддршка за „Герани“ кои функционираат како самоубиствени ударни дронови и нивната очигледна намена е да напаѓаат украински летала, првенствено хеликоптери, а можеби и авиони ако се приближат доволно блиску. Имено, поради недостаток на воздушна одбрана, Украинците користат хеликоптери и авиони за соборување на руските самоубиствени дронови.
Ракетите со кои се вооружени руските дронови се застарени, произведени кон крајот на 1960-тите, имаат краток дострел и се претпоставува дека Русија ги има во огромни количини. Со нивната ваква употреба, Русија се ослободува од застарениот вишок воени средства, а истовремено, дел од „Гераните“ стануваат закана за екипажите на украинските воздухопловни сили.

На некој начин, Русите со оваа практика, добиваатевтин ловец, кој, освен што не чини многу, користи ракети што ги имаат во изобилство и, што е најважно, обезбедува воздушна заштита за камикази дроновите без да ги изложува руските пилоти на опасност.
Сè уште нема доволно детали за оваа верзија на „Геран“, но претпоставката е дека имаат инсталиано некаков поевтин радар во „носот“ за да можат да забележат цел на поголеми растојанија и да извршат напад.

Македонски







