Skip to main content

Русија успешно ја тестираше „Буревестник“ нуклеарна ракета која може да слета било каде во светот

Рускиот претседател вчера објави дека е успешно извршен последниот тест на нуклеарната ракета „Буревестник“, пофалувајќи го тоа, според него, „уникатно“ оружје со дострел до 14.000 километри.

Одлучувачките тестови сега се завршени“, рече Путин во видео објавено од Кремљ за време на состанокот со воените претставници.

Тој нареди почеток на „подготовка на инфраструктурата за распоредување на ракетниот систем „Буревестник“ во руските вооружени сили“.

За време на последниот тест, ракетата беше во воздух „околу 15 часа“ и прелета 14.000 километри, изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, додавајќи дека „ова не е границата“ на ова оружје.

Техничките карактеристики на „Буревестник“ овозможуваат да се користи со загарантирана точност против високо заштитени локации на кое било растојание“, рече Герасимов.

Во 2018 година, Путин објави дека руската војска развива производство на ракета која, според него, може да ги надмине сите системи за пресретнување

Поврзани вести