Skip to main content

Русија со ракети ја нападна Одеса

Руските сили утрово го нападнаа украинскиот црноморски град Одеса со балистичка ракета, јавија локални канали на „Телеграм“. Силна експлозија одекнала во 6:06 часот по локално и по средноевропско време, откако воздушната тревога била активирана во 5:59 часот.

Локалните канали известуваат дека е погоден објект во градот.

Претходно во текот на ноќта, градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, објави дека повеќе од 15 руски дронови ја нападнале Одеса.
Регионалните власти ги повикаа жителите да се засолнат во скривници. 

Поврзани вести