
Руските власти денеска наредија британски дипломат да ја напушти земјата поради шпионажа.
Руската Сојузна безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека еден дипломат од Амбасадата во Москва работел за британската разузнавачка служба, но не наведе докази за таквото тврдење.
Протераниот британски дипломат мора да ја напушти Русија во рок од две недели.
Москва нема да толерира работа на непријавени британски разузнавачки агенти во Русија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Засега нема реакција од официјален Лондон.

Македонски





