Skip to main content

Романија прогласи вонредна состојба поради 92 илјади тони контаминирана нафта од Азербејџан

Во Романија е прогласена вонредна состојба поради проблеми во енергетскиот сектор.

Причината e испораката на 92 илјади тони сурова нафта од Азербејџан, контаминирана со органски хлориди. Поради тоа, втората пратка од пристаништето Џејхан со ист обем, која била планирана за преработка во романската рафинерија Петробрази, исто така е откажана.

Оваа нафта, испорачана во Романија по море, била товарена во Турција преку нафтоводот „Баку – Тбилиси – Џејхан“, што го гради и управува британскиот Бритиш Петролеум.

Истовремено, во медиумите се појавија информации дека претходно во јуни-јули оваа година, 60 илјади кубни метри контаминирана нафта од Азербејџан влегле во Чешка преку нафтоводот TAL.

Поврзани вести