
Францускиот автомобилски гигант „Рено“, заедно со компанијата „Туржис и Гајард“, ќе почне со производство на камикази дронови со долг дострел во Франција, како дел од воениот проект наречен „Хорус“.
Склопувањето ќе се врши во Ле Ман, а моторите за бесилотните летала ќе се произведуваат во Клеон. Планот е да се достигне обем на производство од 600 беспилотни летала месечно, што може да се зголеми доколку има нарачка.
Доколку тестовите бидат успешни, проектот би можел да прерасне во десетгодишен договор за одбрана вреден 1 милијарда евра. Претходно беше објавено дека компанијата планира да воспостави производство на дронови во Украина, но таквите планови се променети.

Македонски




