Skip to main content

Путин: Русија се надева дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе доведе до долгорочна стабилност

Русија се надева дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе доведе до долгорочно стабилизирање на регионот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција со иранскиот колега Масуд Пезешкијан.

Тој додаде дека е важно да не се ослабнат напорите за сеопфатно решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што ќе доведе до создавање независна палестинска држава.

Пезешкијан посочи дека се надева оти ќе биде реализиран прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас.

Комплексниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа беше постигнат пред два дена со посредство на Катар, Египет и САД по 15 месеци крвопролевање што ја опустоши енклавата.

Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври 2023 година откако Хамас го нападна Израел. Според израелските податоци, тогаш се убиени речиси 1.200 луѓе, а заробени се околу 250 Израелци. Уследи израелска офанзива врз Појасот Газа, во која, според податоците на Министерството за здравство на Хамас од денеска, бројот на загинати се искачи на 46.876 Палестинци и над 110.640 повредени луѓе.

Поврзани вести