
Средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, на Алјаска.
Безбедноста на Путин во Алјаска заеднички ќе ја обезбедуваат руските специјални служби и американската тајна служба“, изјави поранешниот службеник на американската тајна служба, Роберт Мекдоналд.
Тој нагласи дека политичките разлики не влијаат на безбедносниот протокол за време на посетите на шефовите на држави.
Претседателот Путин ќе има лично обезбедување од Русија, како и дополнителна заштита од американската тајна служба. Овој пристап е во согласност со меѓународната пракса“, вели Мекдоналд.
Потребните визи веќе им се издадени на повеќето дописници на прес-службата на Кремљ, но некои новинари сè уште чекаат документи од амбасадата на САД.