
Грчката телевизија АНТ1 прикажа потресна снимка од послендите моменти во живот на Стефанис Кемос(30) со потекло од градот Трикале, кој се удави на Лефкада, каде со пријателите ја прославувал ергенската вечер.
На снимката се гледа како момчето се бори со брановите, додека собраните луѓе се обидуваат да го охрабрат да издржи.
На плажата немало спасувачи.
Луѓето му викале немој да се заморуваш, обиди се да останеш мирен.
Костас Аврамопулос, откри нови детали: Видов едно момче како трча преплашено, плаче и му вика: не се заморувај, обиди се да останеш мирен, додека тој во во вода се бореше да се спаси.
Според изјваите на сведоците, еден човек се обидел да му пријде на помалку од метар, но големиот бран одеднаш го однел
Во тој момент човекот во водата се уште бил жив и се обидувал да исплива, но безуспешно.
Инаку Стефанос Кемос кој се удави во Картисми, требало да се ожени за 20 дена.