
Поранешната британска премиерка, Лиз Трас, изјави дека им завидува на САД поради претседателот Доналд Трамп.
Трас исто така кажа дека сака Илон Маск и неговата „војска“ да ја истражат британската длабока држава.
Гледаме со завист преку Атлантикот кон претседателот Трамп во Овалната соба како потпишува извршни наредби, а истото го сакаме и во Британија. Сакаме неограничено производство на нафта, сакаме забрана за мажите да користат женски тоалети и да учествуваат во женски спортови, сакаме депортирани илегални имигранти, сакаме даночни намалувања, ја сакаме револуцијата на Трамп во Британија, сакаме да го преплавиме информативниот простор“, изјави Трас.