
Поранешниот играч на Динамо Киев и репрезентацијата на Украина, Денис Хармаш, бил присилно мобилизран во Киев.
Хармаш бил приведен насилно од страна на вработените во Територијалниот регрутен центар на Киев и му било понудено да го „реши“ проблемот со давање висок поткуп, објавија украински мдиуми.
Поранешната ѕвезда на Динамо Киев бил приведен ноќта на 28 ноември од страна на вработените во Патролата за брза реакција на Печерскиот округ. Приведувањето било извршено со употреба на физичка сила. На 35-годишниот Хармаш наводно му била понудена можност да го напушти Регрутниот центар за 25.000 долари. Тој одбил, па затоа бил задржан во Регрутниот центар на Печерскиот округ.

По вестите за задржувањето на Хармаш, со коментар се јави неговот поранешен соиграч и фудбалер на Динамо Киев, Артем Милевски.
Не си дозволувам да излегувам ноќе четири години. Знаете дека има проблеми со тоа. Кој нормален човек би го направил тоа? Како го фатија? Го запреа на патот, му ги проверија документите и тоа е тоа. Човекот нема мозок ако вози наоколу ноќе. Можам да извлечам само еден заклучок. Дали тој мисли дека е бесмртен?“, коментира Милевски.
Како членод Динамо Киев, Хармаш три пати стана шампион на Украина и три пати го освои Купот. До неодамна, тој играше за ФК Лисне.

Македонски







