Skip to main content

Поради неликвидност познатиот моден бренд ги затвори сите продавници во Германија

Модниот бренд „Есприт“ (Esprit) во Германија се затвора. Ставањето клуч на последните продавници во Германија значи дека се укинати 1.300 работни места.

Всушност, сите од56 продавници требаше да бидат затворени до крајот на ноември, но 30 останаа отворени подолго поради божиќниот бизнис.

Затворањето доаѓа откако „Есприт“ мораше да поднесе барање за прекинување на својот бизнис во мај минатата година поради неликвидност и презадолженост. Во меѓувреме не беше најден купувач.

Правата на трговска марка за Европа му припаѓаат на „Дејхман“.

Поврзани вести