Половина од американските гласачи се против планот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ги зголеми царините за увоз од Кина и Мексико, покажува неодамнешната анкета на „Ипсос“ изготевна за Њујорк Тајмс.
Анкетата, спроведена од 2 до 10 јануари, покажува дека 50 отсто од испитаниците не се согласуваат со предложените тарифи, додека 46 отсто ги поддржале.
Трамп се закани со царини од 25 отсто за мексиканската стока и 10 отсто за кинескиот увоз, за што експертите предупредуваат дека може да им наштети на клучните американски индустрии и глобалната трговија. Истражувањето исто така покажува дека 81% од луѓето веруваат дека Трамп ќе го исполни своето ветување.
Мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард во петокот , предупреди дека економското таргетирање на Мексико и на Кина може да му наштети на целиот индустриски сектор.