
Во Полска расте интересот за курсеви за преживување и воена обука. Полските граѓани се почесто се вооружуваат, посетуваат стрелишта и учествуваат во вежби поради страв од можна војна со Русија, пишува „Телеграф“.

Понатаму, во текстот се наведува дека полската влада има намера да ја прошири програмата за основна воена обука за возрасни мажи и оваа година издвојува приближно 4,5% од БДП за одбрана, што е една од највисоките стапки во Европа.