Skip to main content

Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

Во израелски напад во Појасот Газа во текот на ноќта загинал висок политички лидер на Хамас, соопшти палестинската група.

Покрај тоа, 19 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во нападите на Појасот Газа. Хамас соопшти дека Салах ал Бардавил, член на неговото политичко биро и на палестинскиот парламент, бил убиен во напад во близина на градот Кан Јунис, во кој била убиена и неговата сопруга.

Ал Бардавил беше истакнат член на политичкото крило на Хамас, кој со години даваше интервјуа за медиумите.

Израел минатата недела го прекрши примирјето со Хамас кога почна ненадеен бран воздушни напади во кои загинаа стотици Палестинци шитум Појасот Газа.

Поврзани вести