
Полицијата уапси над 500 луѓе за време на прославата на финалето на Лигата на шампионите во Франција, две лица се пријавени за мртви, а 192 се повредени, соопшти денеска француското Министерство за внатрешни работи. Славјето избувна во немири синоќа низ Париз и пошироко, откако парискиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) го победи италијанскиот противник Интер со 5-0 во финалето во Минхен и за првпат да ја освои Лигата на шампионите. Судирите со полицијата подоцна се заканија да ја расипат забавата.
Привремената проценка на Министерството за внатрешни работи од утринава е дека 559 лица се уапсени, меѓу кои и 491 во Париз, што доведе до полициски притвор на 320 лица, од кои 254 во Париз. На Елисејските полиња, автобуски постојки беа скршени и проектили фрлени врз специјалците, кои употребија солзавец и водени топови за да ја потиснат насобраната толпа додека илјадници поддржувачи се спуштија на булеварот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека имало стотици пожари, меѓу кои и над 200 изгорени возила. Повредени се околу 22 припадници на безбедносните сили и седум пожарникари.