Skip to main content

Почна судењето на Јан Петровски од руската паравоена формација „Русич“

Во Хелсинки денеска почна судењето на рускиот државјанин Јан Петровски, осомничен за воени злосторства додека беше командант на десничарска паравоена единица во источна Украина пред речиси една деценија.

Петровски, познат и како Воислав Торден, се соочува со обвиненија за пет воени злосторства извршени во 2014 и 2015 година во регионот на Луганск, каде што ја предводеше единицата „Русич“, поврзана со групата Вагнер.

Финскиот обвинител Јука Рапе побара доживотна казна затвор за Петровски, тврдејќи дека неговите постапки ги прекршиле Римската повелба и Женевската конвенција.

Според обвинението, единицата под негова команда ги нападнала украинските војници на 5 септември 2014 година, користејќи го украинското знаме како мамка. Во таа акција загинаа 22 војници, а четворица беа тешко ранети.

Обвинителството тврди дека ранетите војници подоцна биле погубени.
Петровски, кој е под санкции од Европската унија и САД од 2022 година, ги негира сите обвинувања.

Неговиот адвокат Хеики Лампела рече дека ќе ги оспори тврдењата на обвинителството.

Петровски беше уапсен во Финска во 2023 година на барање на Украина, но Врховниот суд на Финска ја блокираше неговата екстрадиција.

Koj e Јан Петровски

Русич се „воено крило“ на „доброволни национални патроли“под капата на руското Министерство за одбрана.Русич  има „нерасчистени сметки“ со државата Финска. Водачот и основач Јан Петровски, познат како Воислав Торде, е во фински затвор од крајот на 2023 година под обвинение за воени злосторства .Русич се „воено крило“ на „доброволни национални патроли“под капата на руското Министерство за одбрана.

Поврзани вести