Skip to main content

Почина претседателката на рускиот Врховен суд

Претседателката на рускиот Врховен суд, Ирина Подносова (71), почина во Москва по тешко боледување, јави руската државна новинска агенција Тас.

Подносова го предводеше главното руско правосудно тело од 17 април 2024 година, кога беше именувана како единствен кандидат, а беше номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Должноста ја презеде по смртта на Вјачеслав Лебедев, кој беше претседател на Врховниот суд од 1991 година.

Судијката се бореше со болест повеќе од една година, јави руската новинска агенција РБК, додека Тас информира дека починала од рак.

Подносова дипломирала на Правниот факултет на Ленинградскиот државен универзитет во 1975 година, истата година како и Путин. Во Врховниот суд работела од 2020 година, кога станала заменик-претседател специјализиран за економски спорови и арбитражни случаи.

Врховниот суд е руски суд од последна инстанца. Неговите 115 члена ги предлага рускиот претседател, а ги именува Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.

Поврзани вести