Skip to main content

По тешката криза мирна ноќ за папата Франциск во болница

Папата Франциск имаше мирна деветта ноќ во болница, соопшти утрово Канцеларијата за печат на Светата столица, во редовниот извештај за здравствената состојба на поглаварот на Римокатоличката црква кој се лекува од пневмонија во болницата Гемели во Рим.

Канцеларијата за печат синоќа соопшти дека „состојбата на Светиот Отец и понатаму е критична и папата не е вон животна опасност“.

Тој вчера имал продолжена астматична респираторна криза, поради што му се администрирал кислород со висок проток. Анализите на крвта покажале тромбоцитопенија, поврзана со анемијата, што наложило итно да му се даде трансфузија на крв.

Поврзани вести