Skip to main content

„Пионерски потег на земја членка на ЕУ“: Белгија од 1 јануари ќе ги забрани електронските цигари а еднократна употреба

Белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук, објави дека од 1 јануари Белгија ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини.

Според него, тоа е „пионерски потег на земја членка на Европската Унија“.

Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станале закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и да развијат зависност од никоти.

Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ што едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, што предизвикува зависност, а никотинот е лош за вашето здравје. Тоа се фактите“, нагласи Ванденброек.