Skip to main content

Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови

Фото: ЕПА

– Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради силни ветрови и песочни бури.

Двата големи меѓународни аеродроми – Пекинг Капитал и Дасин – откажаа вкупно 693 летови. Бурите, придружени со ветрови од над 140 км/час, урнаа стотици дрвја, оштетија автомобили и некои постари објекти во кинеската престолнина.

Истовремено, беа издадени предупредувања за дополнително влошување на временските услови, особено во северните и крајбрежните региони. Ветриштата во некои области достигнаа најголема сила во последните 75 години.

Меѓу затворените објекти во Пекинг се и забавниот парк „Universal Studios“, како и историските знаменитости Забранетиот град, Летниот дворец и Храмот на Небото. Откажани се и спортски и други настани на отворено.

Песочните бури се честа појава во сувиот север на Кина, каде што се наоѓаат пустините Гоби и Такламакан, но и покрај децениските напори за нивно сузбивање, тие сè уште претставуваат сериозна закана, особено за густо населените региони како Пекинг.