
Стотици илјади луѓе присуствуваа на мисата на папата Лав XIV, што се одржа на централната париска авенија Елисејски Полиња.
Според процените на Ватикан на мисата присуствувале 700.000 луѓе, а претходно биле пријавени над 600.000.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика верниците „да не ја чуваат верата само за себе“ туку „таа да се прелева, за тие што ги сретнете да закрепнат и да ја заситат својата жед“.
– Во преполниот град Париз се молам живата вода на Светиот дух да потече низ цела Франција, посочи Лав XIV.
На мисата присуствуваа и 2.400 свештеници, ѓакони и околу сто бискупи.
За безбедноста на мисата беа ангажирани околу 14.500 полицајци, жандарми, војници и пожарникари беа распоредени во Париз на вториот ден од четиридневната посета на папата, што ќе ја чини црквата 27 милиони евра.
Папата Лав XIV посетата на Франција ја почна вчера со молитва во реновираната катедрала Нотр Дам. Тоа беше првата миса на папа откако голем пожар уништи дел од готската катедрала во април 2019 година.
За утре е предвидено папата да го посети светилиштето во Лурд.

Македонски


