Skip to main content

Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан

Freepik

Велигденските богослужби во Ватикан ќе ги предводат неколку кардинали, а папата Франциск, кој се опоравува од болест, нема да учествува на мисите, соопшти прес-службата на Светата столица.

Литургијата на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар на Велика Сабота, 19 април 2025 година, како што се наведува, ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, по инструкции на папата Франциско, пренесува Ватикан Њуз.

В недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот Свети Петар.

Поврзани вести