
Нова авионска несреќа во САД .Медицински транспортен авион експлодирал на небото над Филаделфија. Во авионот се наоѓале болно дете, неговата мајка и уште четири лица, пренесува АП.

Авионот паднал во населен дел на Филаделфија и сè се случило кратко време по полетувањето на авионот и нема преживеани.
Остатоци паднале на населената област, а пожарот зафатил голем број на куќи и автомобили.
Станува збор за авион “Лирџет 55” кој полетал од аеродромот, а брзо исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето, а полетал неколку минути по 18 часот по локално време.