Шефот на привремената сириска администрација Ахмед ал Шара, вели дека новите сириски власти не сакаат Русија да ја напушти нивната земја:
Русија е втората најмоќна земја во светот. Тоа е важно. Сирија има стратешки интереси со Русија. Не би сакале Русија да оди на начин што не е во согласност со нејзиниот однос со Сирија.
Целото сириско оружје е од руско потекло, а многу електрани се управувани од руски експерти. Не сакаме Русија да ја напушти Сирија како што сакаат некои луѓе“, порача Ал Шара.