Skip to main content

Нов сој на корона вирусот, се појави во Германија – не е опасен, ама симптомите се непријатни

Freepik

Со првите студени денови, Европа повторно се соочува со нови варијанти на коронавирусот. Во Германија, најмногу внимание привлекува сојот XFG, кој медиумите веднаш го „крстија“ Франкенштајн — поради симптомот што најмногу ги плаши заразените: силна болка во грлото, како да им се сечат жилети, пишува Euronews.

Причината за ваквиот прекар е симболична. Имено, како и славното чудовиште создадено од различни делови, и овој сој е мешавина од два други — LF.7 и LP.8.1.2. Научниците го нарекуваат ваквиот тип „рекомбинантен“, бидејќи настанува кога различни линии на вирусот се спојуваат во една. Такви мутации се појавија и порано, уште со варијантата Омикрон во 2021 година.

Познат и како „Стратус“, XFG постепено се шири низ Германија и другите делови на континентот од средината на 2025 година. Иако бројот на заразени растеше во последните месеци, ECDC објави дека ситуацијата сега се стабилизира и нема место за паника.

СЗО и Европскиот центар за контрола на болести го вброија XFG меѓу варијантите под набљудување, што значи дека се следи, но не е закана од висок ризик. Истото мислење го дели и германскиот Институт Роберт Кох, кој засега го смета ризикот од овој сој за низок.

Иако „чувството на жилета во грлото“ често се споменува како нешто типично за XFG, стручњаците велат дека тоа не е потврдено. Такви симптоми може да се појават и кај обичен грип или други респираторни вируси, па затоа не може само по болката во грлото да се препознае COVID-19.

Поврзани вести