
Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави неименуван палестински претставник.
Новиот предлог предвидува ослободување на 10 израелски заложници во замена за 70 дена примирје, делумно повлекување од Појасот Газа и ослободување на одреден број палестински затвореници.
Предлогот предвидува ослободување на пет израелски заложници во првата недела од договорот и уште петмина пред крајот на примирјето.
Друг неименуван извор посочи дека Хамас и Израел го разгледуваат предлогот и оти ќе одговорат преку посредниците.