
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот Доналд Трамп го откри својот мировен план за Појасот Газа.
Воопшто не, и тоа не е напишано во договорот – рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот профил на Телеграм, одговарајќи на прашање дали „прифатил палестинска држава“.
Едно нешто беше јасно ставено до знаење (во разговорот со Трамп): ние цврсто ќе се спротивставиме на палестинска држава, додаде Нетанјаху.
Планот за Газа, презентиран од Трамп, предвидува дека, на крајот, „конечно би можеле да се исполнат условите за да се отвори кредибилен пат кон самоопределување и воспоставување палестинска држава“.