
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс остро го осуди украинскиот претседател Владимир Зеленски за заканата по живот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во скандалозната изјава, Зеленски рече дека ќе прати војници на адресата на Орбан.
Како прво, не ни знаев дека Зеленски го кажал тоа, дека ќе испрати војска во приватната резиденција на премиерот. Виктор ми кажа за тоа и првично не ми се веруваше, но се покажа дека е точно. Ова е скандалозно. Не смее еден шеф на влада или на држава да се заканува на шефот на влада на сојузничка држава. Ова не неверојатно и е неприфатливо – изјави Венс.
Американскиот потпретседател, кој денес се обрати пред унгарскиот аналитички центар МЦЦ, додаде дека Орбан многу прецизно му ја објаснил ситуацијата во Украина и интересите на Украина и на Русија во војната.
Според Венс, Орбан придонесува многу за запирање на војната во Украина, за разлика од други европски држави.

Македонски


