Skip to main content

Нема опасност за седумте нуклеарни реактори по прекинот на електричната енергија во Шпанија

Фрипик

Нема опасност за седумте нуклеарни реактори во Шпанија, соопшти Агенцијата за нуклеарна безбедност на земјата, откако голем дел од државата денеска остана без електричната енергија.

Четири реактори автоматски се исклучија по прекинот на електричната енергија, по што беа вклучени итни генератори.

Генераторите на три реактори, кои во тоа време не беа во функција, исто така се вклучија за да ја заштитат нивната безбедност.

Неколку шпански рафинерии за нафта, исто така, денеска престанаа со работа.