Skip to main content

Не помагаат ни молби ни убедувања: Маск го моли Трамп да ги укине царините, но тој е неумоллив

Facebook/Donald J Trump

Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата Тесла, Илон Маск, апелираше до претседателот на САД, Доналд Трамп, во текот на изминатиот викенд да ја повлече одлуката за воведување нови царини, објави денеска Вашингтон пост.

Жалбата на Маск, според Ројтерс, не била успешна.

Овој разговор меѓу Маск и Трамп го претставува најголемото недоразбирање досега меѓу претседателот и Маск, важен соработник во американската администрација, според Ројтерс.

Маск апелираше до Трамп откако американскиот претседател објави дека ќе бидат воведени основни царини од 10 отсто за сите стоки увезени во САД, како и дополнителни повисоки царини за десетици земји.

Ниту Белата куќа ниту Маск не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар за овие наводи.

Маск, советникот на Трамп задолжен за Одделот за владина ефикасност, кој има за цел да ги намали владините трошоци, повика на воспоставување нула царини меѓу САД и Европа.

Акциите на компанијата „Тесла“ на Трамп значително паднаа во понеделникот.

Поврзани вести