Skip to main content

Најмалку 20 милиони Украинци се надвор од земјата, Украина апелира за враќање на своите сонародници

Денес само 32 милиони луѓе живеат во областите контролирани од владата во Киев, пишува „Дојче веле“.

Во времето на независноста по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, според владините бројки, сè уште имало 52 милиони. Владата во Киев го проценува бројот на Украинци кои живеат во странство од 20 до 25 милиони.

На Украина ѝ недостасуваат работници.

Значаен број Украинци сериозно размислуваат да се вратат дома“, изјави украинскиот вицепремиер Олексеј Чернишов за време на посетата на Берлин минатата недела.

Тој раководи со Министерството за национално единство кое беше основано во декември специјално за враќање на бегалците.

Чернишев им дава гаранција на повратниците: Тие би биле ослободени од воената служба доколку работат во „критичните индустрии“ како што се производството на оружје, енергетскиот сектор и обновата.

Поврзани вести