Skip to main content

Украина бара предвремено користење на заемот од ЕУ за да го покрие буџетскиот дефицит

Frauke Riether from Pixabay

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денеска изјави дека Киев сака да искористи дел од заемот на Европска Унија наменет за следната година за да помогне во покривањето на буџетскиот дефицит од 27 милијарди долари оваа година.

Тој додаде дека воениот план на Киев „треба да биде јасен за партнерите на Украина, како и за целата воена команда“.

Хнара истакна дека доколку средствата бидат доделени пред предвидениот рок, тој ќе презентира „јасен план“ и „општа визија“ за тоа како ќе се води војната.

Предвидено е ЕУ да ѝ обезбеди на Украина вкупно 90 милијарди евра до крајот на следната година.

Хмара наведе и дека Украина тестирала четири потенцијални пресретнувачи дизајнирани да соборуваат беспилотни летала Шахед, кои Русија сè повеќе ги користи во нападите врз Украина.

Потрагата по контрамерки против беспилотни летала продолжува. Веќе има четири потенцијални пресретнувачи кои можат да соборат Шахеди. На терен се спроведуваат тестови, истакна Хмара.

Според него, следната задача е што побрзо да се подобрат развиените решенија и да се зголеми производството на илјадници единици.

Поврзани вести