
Најмалку 20 лица, меѓу кои и 10 деца, загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати во силните поплави што го погодија јужниот дел на Хаити, предизвикани од ураганот Мелиса, соопштија локалните власти.
Службата за цивилна заштита на Хаити информира дека трае потрагата по исчезнатите жители, откако река се излеала од коритото и однела неколку куќи.
Мелиса е најсилниот ураган што ја погодил областа во последните 90 години.
Вчера помина низ Јамајка, а денеска ги зафати и бреговите на Куба, каде, според претседателот Мигел Дијас-Канел, има „значителни штети“.
Вкупниот број на жртви во Јамајка, Доминиканската Република, Панама и Хаити досега изнесува најмалку 30 лица.
Претставници на Обединетите нации соопштија дека разурнувањата во Јамајка достигнуваат „невидени размери“, со огромни штети врз инфраструктурата, патиштата, телекомуникациската и енергетската мрежа.
Првичните процени покажуваат дека повеќе од еден милион луѓе се погодени од ураганот, изјавија координаторите на ОН за регионот на Карибите.

Македонски








