Skip to main content

На Зеленски му се предвидуваат унгарски дронови во Украина

Video printscreen

– Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека извидувачки дронови, кои најверојатно ѝ припаѓаат на Унгарија, го нарушиле воздушниот простор на Украина долж границата. Ова е прв ваков пријавен инцидент.

Во изјава објавена на социјалната мрежа Икс, Зеленски рече дека украинските сили забележале упади на дронови над пограничните области и дека прелиминарните проценки сугерираат оти беспилотните летала „спроведувале извидување на индустрискиот потенцијал на пограничните области на Украина“.

„Наредив да се проверат сите достапни информации и да се достават итни извештаи за секој регистриран инцидент“, рече Зеленски.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ги отфрли забелешките на Зеленски, пишувајќи на Х: „Претседателот Зеленски го губи разумот поради неговата антиунгарска опсесија. Сега почнува да гледа работи што ги нема“.

Facebook/ Szijjártó Péter

На ова следуваше одговор од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Почнуваме да гледаме многу работи, Петер, вклучувајќи го лицемерието и моралното деградирање на вашата влада, отворената и прикриената работа против Украина и остатокот од Европа, служејќи како послушник на Кремљ“, напиша Сибиха