Skip to main content

На Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди Захарова

На Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди портпаролката на руското МНР Марија Захарова. Имаше одредена неизвесност дали Кремљ ќе испрати делегација.

Иако тоа не се очекуваше, сомнежите ги отвори изјавата на Доналд Трамп дека може да има разговори меѓу украинските и руските претставници на конференција или на друго место во градот. Сепак, ниту Москва ниту Киев не најавија дека очекуваат преговори, а Би-Би-Си претходно објави дека на конференцијата немало руски претставници.

Поврзани вести