Skip to main content

Мерц најави можно ублажување на санкциите за Техеран при сеопфатен договор

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор.

Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ.

Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот во регионот.

Поврзани вести