Skip to main content

Медведев: Русија ќе одговори на ултиматумите на Зеленски со победа на руската армија

Акциите на руската армија и победата се најдобриот одговор на „ултиматумите“ на претседателот на Украина Володимир Зеленски за враќање на границите од 2022 година, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на состанокот на Воено-индустриската комисија на Русија.

„Нашите противници не само што се откажуваат од своите напади, туку се поставуваат различни ултиматуми, и покрај уставот на нашата земја. Најдобар одговор на ултиматумот се акциите на вооружените сили и победата“, нагласи Медведев, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да води дијалог со Украина без предуслови, но врз основа на Истанбулските договори од 2022 година и „врз основа на реалноста што се развива на теренот“.

Поврзани вести