
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес оцени дека киднапирањето на уапсениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, е „неограничено кршење на меѓународното право“.

Донал Трамп и Дмитри Медведев
Медведев: Киднапирањето на Мадуро е кршење на меѓународното право
Д.С.
Пред 5 минути
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес оцени дека киднапирањето на уапсениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, е „неограничено кршење на меѓународното право“.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
- Тренерот Ненад Стојаковиќ ќе го напушти Партизан
- Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Васина торта
- Младинските кошаркарски селекции ги дознаа противниците во првата фаза од ФИБА еврошампионатите за 2026 година
ВИДЕО | Миовски со гол во убедливата победа на Ренџерс над Килмарнок
Роналдо полни 41 година: Мајка му сакала да го абортира, денес е една од најголемите спортски икони
ВИДЕО | ФФМ инвестираше во огромен ЛЕД екран на Националната арена
Во авторски текст објавен на веб-страницата на РИА Новости, Медведев наведува дека киднапирањето на висок функционер е дел од пошироката цел за стекнување ексклузивна контрола врз Западната хемисфера и додава дека не станува збор само за фактичка, туку и за правна „безбедност“ на таквите аквизиции.
„И ова не е само дрско киднапирање. Отвореното киднапирање на висок функционер е дел од многу поважна цел: стекнување ексклузивна контрола врз Западната хемисфера“, рече Медведев.
Тој потсети дека Мадуро, како шеф на државата, уживал апсолутен и функционален имунитет од странско кривично гонење, што е потврдено со пресудите на Меѓународниот суд на правдата и практиката на судења на лидери на други држави.
Според документите на ОН, трговијата со дрога не е опфатена со исклучоци од таков имунитет, истакна Медведев.
Настаните во Венецуела, според него, предизвикаа „силен геополитички земјотрес“ и претставуваат „циничен предизвик за целиот систем на меѓународни односи“.
Инаку венецуелските власти веруваат дека целта на американскиот напад била да се преземе контролата врз нафтата и минералните ресурси, а во нападот загинаа 83 лица, а 112 беа повредени.
Суд во Њујорк го одржа првото рочиште во случајот на Мадуро, каде што тој се соочува со обвиненија за „наркотероризам, трговија со кокаин и поседување митралези и експлозивни направи за употреба против Соединетите Американски Држави“.
Мадуро се изјасни за невин, а следното рочиште е закажано за 17 март.
Русија изрази длабока загриженост за инцидентот и ја потврди својата солидарност со венецуелскиот народ, нарекувајќи го киднапирањето неприфатлив напад врз државниот суверенитет и повикувајќи го раководството на САД да ги ослободи Мадуро и неговата сопруга.

Македонски



