Skip to main content

Мартин: Исклучително е важно ЕУ и САД да постигнат договор за царините до 9 јули

Од исклучителна важност е Европската Унија да постигне трговски договор со САД до 9 јуни, кога треба да стапи во сила уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување општи царини од 50 отсто за европските стоки, изјави ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Исклучително е важно да им се даде сигурност на пазарите, сигурност на инвеститорите, сигурност на работниците и на индустријата и да се вложат сите напори за да се добие сигурна зона со која можеме да живееме – истакна денеска Мартин пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел.

Според него, можеби состојбата не е идеална и не е оптимална, но Европа не сака царини и мора да најде решение.

Мораме да се справиме со ситуацијата што е пред нас – додаде Мартин.

Американската администрација веќе воведе царини од 50 отсто за увозот на челик и алуминиум од ЕУ во САД, од 25 проценти за автомобили и автомобилски делови и од 10 отсто за повеќе други стоки.

Поврзани вести