
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, официјално ја одобри изградбата на нов носач на авиони на нуклеарен погон за француската морнарица.
За време на посетата на француските сили на Блискиот Исток, Макрон објави дека Франција ќе има нов носач на авиони на нуклеарен погон. Овој носач на авиони ќе тежи околу 80.000 тони и ќе биде долг 310 метри, носејќи околу 50 авиони, вклучувајќи повеќе од 30 ловци од четврта и петта генерација.
Изградбата на овој носач на авиони официјално е почната, треба да биде пуштен во употреба помеѓу 2036 и 2037 година, а да влезе во борбена служба во 2038 година.
Француската морнарица ќе има 2 носачи на авиони на нуклеарен погон помеѓу 2037 и 2045 година.

Македонски






