Skip to main content

Мадуро и обвинителите предлагаат неговото судење да почне во јуни 2027 година

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро и обвинителите на Министерството за правда на САД предложија судењето на поранешниот венецуелски претседател во САД да започне во јуни 2027 година.

Заедничкиот предлог беше поднесен до судот пред денешното рочиште, закажано за напладне по источно време, во Федералниот окружен суд на Менхетен, објавија британските медиуми.

Федералниот судија Алвин Хелерштајн, кој претседава со случајот, ќе ја донесе конечната одлука за распоредот на судењето, додека страните во поднесокот наведоа дека подоцна би можеле да побараат измени во распоредот.

Американските специјални сили ги уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за време на ноќна рација во Каракас во јануари и ги префрлија во Њујорк, каде што се соочуваат со обвиненија за трговија со дрога.

Двајцата се изјаснија за невини.(МИА)

Поврзани вести